Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Samuel 28

:
Macedonian - 2006
1 Во тоа време Филистејците ги собраа војските свои за војна за да војуваат против Израел. А Анхус му рече на Давид: „Знај дека и ти ќе трг­неш со мене во борба, ти и твоите луѓе.“
2 Давид му рече на Анхус: „Сега ќе дознаеш што ќе направи твојот слуга.“ Анхус, пак му рече на Давид: „Затоа ќе те направам чувар на мојата глава засекогаш.“
3 Самоил беше умрел, и го оплакуваа сите Израелци и го погребаа во Рама, во неговиот град. А Саул ги беше изгонил повикувачките на духови и гатачите од земјата.
4 Се собраа Филстејците и отидоа, та се улогорија во Сунем; го собра и Саул сиот народ израелски и се улогорија во Гелвуја.
5 Саул го виде филистејскиот логор и се исплаши, и силно му затрепери срцето.
6 Тогаш Саул Го запраша Господа; но Господ не му одговараше ни на сон ни преку урим, ни преку пророците.
7 И им рече Саул на слугите свои: „Најдете ми жена што повикува духови, и јас ќе одам кај неа и ќе ја прашам.“ И му одговорија неговите слуги: „Тука во Ен-Дор има жена што повикува духови.“
8 И ги соблече Саул алиштата свои и облече други, и тргна тој и двајца луѓе со него, и дојдоа кај жената ноќе. И ѝ рече Саул: „Те молам, гледај ми, и по­викај ми, кого што ќе кажам.“
9 Но жената му одговори: „Ти знаеш што направи Саул, знаеш дека тој ги истера од земјата гатачите и гледачите; зошто тураш стапица на душата моја за да ме погубиш?“
10 И Саул ѝ се заколна во Господ, велејќи: „Ти се колнам во Господ, нема да ти се случи ништо лошо за тоа.“
11 Тогаш жената праша: „А кого да ти го повикам?“ Тој одговори: „Повикај ми го Самоил.“
12 И жената го виде Самоил и гласно извика; жената се обрна кон Саул и рече: „Зошто ме излага? Ти си Саул.“
13 Царот ѝ рече: „Не плаши се; кажи што гледаш?“ Жената одговори: „Гле­дам како Господ излегува од земјата.“
14 „Каков е тој на изглед?“ праша Саул. Таа одговори: „Излегува од земјата престар маж, облечен во долга облека.“ Тогаш Саул дозна дека е тоа Са­моил, падна ничкум на земјата и се поклони.
15 И Самоил му рече на Саул: „Зошто ме обеспокојуваш да излегувам?“ А Саул одговори: „Многу ми е тешко; Филистејците војуваат против мене, а Бог отстапи и повеќе не ми одговара ни преку пророци, ни на сон; затоа те по­викав за да ме поучиш што да правам.“
16 Самоил одговори: „А зошто ме прашуваш мене, кога Господ отстапил од тебе и станал твој непријател?
17 Господ ќе ти го направи тоа што го говореше преку мене: ќе го одземе Господ царството од рацете твои и ќе му го даде на твојот близок, на Давид.
18 Бидејќи ти не го послуша гласот Господов и не го исполни Неговиот жесток гнев врз Амалик, затоа Господ и го врши тоа сега над тебе.
19 Господ ќе го предаде Израел заедно со тебе во филистејски раце; утре ти и твоите синови ќе бидете со мене, а логорот израелски Господ ќе го предаде во филистејски раце.“
20 Тогаш Саул наеднаш падна со целото тело свое на земја, бидејќи многу се исплаши од зборовите на Самоил; притоа и сила немаше во него, зашто не беше јадел леб целиот тој ден и цела ноќ.
21 Тогаш онаа жена се приближи до Саул и виде дека тој многу се уплашил, и рече: „Ете, слугинката твоја го по­слуша гласот твој, го изложи животот свој на опасност и ја изврши заповедта што ти ми ја даде;
22 сега, молам, послушај го и ти гласот на слугинката твоја: јас ќе ти изнесам залче леб, касни си, и ќе имаш сила, кога ќе тргнеш на пат.“
23 Но тој откажа, велејќи: „Нема да јадам.“ И почнаа да го советуваат неговите луѓе, а исто така и жената; и тој го послуша нивниот глас, стана од земјата и седна на леглото.
24 А жената имаше в куќи згоено теле, и побрза та го закла, зеде брашно, па замеси и испече погача,
25 и им принесе на Саул и на слугите негови, и тие каснаа, станаа и заминаа истата ноќ.